Расветлено убиството на деведесетгодишниот велешанец
Јован Цилаков бил убиен за само 200 денари. Деведесетгодишниот велешанец бил убиен од 42 години помладциот Зоран.Д. Додека тој е во истражниот затвор во Шутка во јавното обвинителство во Велес се подготвува кривичниот акт по кој ќе му се суди на Зоран. Ова е второ убиство годинава во Велес, на расветлување на првото сеуште работи полицијата.

Убиство за 200 денари. Толку одзел насилникот кој го усмрти старецот во дворот на велешката гимназија. Со неколку удари со камен во пределот на главата, 48 годишниот Зоран го убил 90-годишниот Јован Цилаков Полицијата го расветли минатонеделниот случај.
„Сторителот на ова убиство веќе е откриен и приведен. Тој во својата изјава го признава делото, ја кажува динамиката на настанот и околностите во кои се случил. Првично му е одредена мерка притвор од 48 часа,“ изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Истражен судија вчеравечер му изрекол мерка притвор во траење од 48 часа. Осомничениот сега е во Истражниот затвор во Шутка. Досега немал киминално досие. Бил алкохоличар, а по смрта на неговата мајка неколку месеци веќе живеел под отворено небо. По овој случај, повозрасните велешани со поделено мислење околу безбедноста во градот.
„Не чувствувам страв, затоа што мислам дека никој нема да ме нападне“
„Се плашам, ми е страв навечер без човек да си одам, вака барем два тројца“, велат анкетираните велешани.
Годинава ова е второ убиство во Велес. Полицијата сеуште работи на расветлување на мотивите и идентитетот на убиецот или убијците на Бајро Ибрахимовиќ.
Според статистиката во Македонија во првите пет месеци се случиле 15 убиства. Полицијата во рекордно време расветлила 12 додека на три сеуште работи.
Дијана Иванова
