Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
Корупцијата е проширена во сите области на општеството. Затоа американски претставници, судии и обвинители почнаа проект за едукација на младите за искоренување на оваа појава...

Владеењето на правото, доброто владеење и борбата со корупцијата се главните приоритети на САД. Во земјава поддржуваат проекти со кои младите ќе се учат од мали нозе да се спротивстават на оваа широко распространета појава.
„Борбата со корупцијата е еден од врвните приоритети на американската Влада. Како и зајакнување на владеењето на правото и доброто владеење. Треба да се бориме против корупцијата не само на највисоко ниво туку и во секојдневниот живот“, изјави Вирџинија Елиот, директор на Меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите, амбасада на САД.
Со проектот „Дневник на корупцијата“ младите и идните лидери на партиите ќе се учат на одговорно работење.
Американски претставници, судии, обвинители се вклучија во оваа едукација на младите за искоренување на корупцијата во земјава.
Ирина Гелевска
