Македонија

Експертите бараат да се донесе Закон за задолжително учење и познавање на македонскиот јазик

26.11.2024 12:57

80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен. На одбележувањето, потсетување дека македонскиот јазик денес се соочува со повеќе предизвици. Експертите бараат да се донесе Закон за задолжително учење и познавање на македонскиот јазик како државен јазик од страна на сите нејзини граѓани и државјани…

Нов Закон за употреба на македонскиот јазик има, но засега како да останува само на хартија. И натаму има државни институции кои немаат вработено лектори.

Експертите бараат да се донесе Закон за задолжително учење и познавање на македонскиот јазик како државен јазик од страна на сите нејзини граѓани и државјани. Сепак, интересот за студирање на македонскиот јазик на универзитетите се намалува, ниските плати и можностите за вработување ги демотивираат студентите.

На Катедрата на македонски јазик оваа година се запишани 20 студенти. Од катедрата велат дека и не може да се очекува поголем интерес зашто бројот на матуранти драстично се намалува.

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ одбележа 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Александра Спировска