Мора да има квалитетна процена на тутунот
Мора да се почитува законот и реално да се проценува тутунот, порачаа инспекторатот и Министерството за земјоделство. Тие, заедно со тутунарите на вагите. Дел од нив задоволни.
-Досега сум задоволен, а имам уште 800 килограми назад, вели тутунар од Прилеп, велат анкетираните тутунари.
Во велешко Бузалково, пак, незадоволството го прекина откупот.
-Кога видов дека тутунот може да ми дојде 120 денари, го прекинав откупот.
-Сега тутун за 90-100 денари не би го дала, додааваат овие тутунари.

Инспекторат веќе им изрекува казни на откупувачите за нереална процена – затворен е пункт три дена, работа има второостепената комисија, а цехот од 10 000 евра го платија и две компании.
Досега сме изрекле два платни налога од по 5000 евра. Тоа се 10 00 евра за правните лица. Дополнително се казнети одговорните лица и максимално сме ригорозни и нема да отстапиме ниту милиметар, вели Румен Стаменов, директор на државниот земјоделски инспекто-рат.
Незадоволните мора да побараат процена нагласува и Сојузот на тутунските здруженија.
-Апелираме да ги оспорат оние бали што нема да се согласат во сторно, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Макеоднија.
Од Министерството за земјоделство стигнува јасна порака- нема толеранција ако не се цени реално.
-Нема да се толерираат никакви процени и работа на откупните претпријатија надвор од зајконот. Ќе имаат поддрчка од Министерството и владата и не сакаме да се повтори ситуацијата од пред неколку години., штета имаа само тутунарите преку намалување на откупната цена, вели министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
-До 15 ти декемрви сите откупувачи законски треба да ги отворат пунктовите. Откупот на квалитетниот род 30 000 тони вреден преку 80 милиони евра , порачуваат надлежните, по секоја цена ќе добие реална процена.
Новинар : Елизабета Митреска
Снимател и монтажа Илчо Димески