„Златна Камера 300“ за оскаровецот Крис Менџис
Англискиот светски кинематограф Крис Менџис е добитникот на наградата за животно дело „Златна Камера 300“ за годинешното 35 издание на интернационалниот филмски фестивал „Брака Манаки“, што од 13- 19 Септември ќе се одржи во Битола. Организаторот најави богата филмска програма која со името на актерската филмска звезда ќе биде обелодената на два до три дена пред почетокот на фестивало
Живата легенда на светската кинематографија и двократен оскаровец, 74 годишниот англичанец Крис Менџис е добитникот на наградата за животно дело „Златна Камера 300“ за претстојното 35-то издание на ИФФ „Браќа Манаки“. Овој филмски великан, кој речиси да не постои светски позната актерска ѕвезда со која не работел, во своето портфолио има над 60 филмови како директор на фотографија и 5 филмови како режисер. Од четирите номонации успел да освои два оскари со филмовите на Роланд Џифи „Полињата на смрта“ и „Мисијата“.
„Многу сум горда што по три години преговори конечно го добивме. Менџис во Битола доаѓа на 12-ти Септември. Иако има работни ангажмани ќе остане до претпоследниот ден од фестивалот. Тоа е име кое му дава посебно внимание на годинешново издание“, рече директорката на ИФФ „Брака Манаки“ Лабина Митевска.
Најавено е учество уште на над 40- етина поснати кинематограферски имиња кои во рамките на европската асоцијација „Имаго“ во текот на фестивалот ке ја одржат својста трета конференција. Настан кој уште повеке го подига реномето на „Брака Манаки“
„Тоа е привелегија, да имаме еден филмски фествал кој е препознатлив во филмскиот свет. Ова релација што Лабина ја прави со врвни имиња, директори на фотографија не е случајна и само по себе го подига раномето на фествалот“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.
35-то издание ке се одржи од 13-19 Септември. Богатата филмска програма, како и тоа која ке биде годинешната актерска звезда на фестивалот ке биде обелоденето на два до три денови пред почетокот на ИФФ „Брака Манаки“.
Стевче Митревски
