Софистицирана метереолошка опрема за параглајдеристите
Денес Крушево се опреми со софистицирана метереолошка опрема, која на параглајдеристите ќе им заштеди време и пари и ќе можат преку интернет да проверат какво е времето таму и дали може да се лета. Проектот е во соработка со УСАИД.

Зпочна проектот за обележување на главните полетувалишта за параглајдери во Македонија. Денес Крушево се опреми со софистицирана метереолошка опрема, која на параглајдеристите ќе им заштеди време и пари и ќе можат преку интернет да проверат какво е времето таму и дали може да се лета. Проектот е во соработка со УСАИД.
„Активниот туризам особено во последните неколку години расте и се развива како пазар, нас ни е важно Македонија да ја вклучиме во овој раст и развој, а тоа сакаме да го направиме преку вклучување на глобално познати компании, тур оператори, услужни компании“, рече Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.
Освен Крушево вакви мерни станици ќе бидат поставени на Шар планина, Галичица и Трескавец кај Прилеп. Македонија полека станува хит дестинација за ваквиот активен одмор.
„За минатата година имаме натфрлање на девизен прилив од 200 милиони евра по сонов на туризам“, рече Кристијан Џамбазовски, директор на Агенција за развој на туризмот.
„Параглајдеристите се главниот двигател на зголемувањето на бројот на туристите во Крушево, во однос на лани таа бројка е зголемена за 30 проценти“, вели Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево.
Само денес во Крушево имаше над 150 параглајдеристи од целиот свет.
„Магично е тука, временските услови се прекрасни, и е многу ефтино“, рече турист од Чешка.
„Јас сум од Исланд, прекрасно е, вчера летавме од Крушево до Скопје“, кажа турист од Исланд.
Во недела тука ќе се одржи и настанот Discover Krusevo, каде преку разни манифестации ќе се привлекуваат туристите.
„Најсреќните 20 ќе добијат и гратис возење тандем со параглајдер, токму од Мечкин Камен и сметам дека тоа ќе биде силен тригер за да имаме што е можно повеќе посетеност на настанот“, истакна Емилија Ѓорѓиевска, Центар за Пелагонски-плански регион.
Во септември, тука во Крушево треба да дојдат најпознатите светски тур оператори од овој бизнис за да го промовираат Крушево како дестинација за активниот туризам, а исто така и National Geographic ќе и снима документарен филм.
Дарко Штаргоски
