МВР
Лишен од слобода крадец во Куманово
26.11.2024 19:41
Вчера во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово..

Вчера во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово, информираат од МВР.
Тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.
Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.
