МВР
Приведени крадци во Куманово
26.11.2024 14:44
Тие се сомничат дека од сепарација во село Добрашане, кумановско одзеле повеќе предмети.

На 25.11.2024 во 15.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Л.Ш.(25), Ѓ.Ш.(33) и Т.И.(33), сите од Куманово. Тие се сомничат дека од сепарација во село Добрашане, кумановско одзеле повеќе предмети.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР.
