ГАК

По 10 неуспешни ин витра и спонтани абортуси, 61-годишна жена го роди своето прво дете

26.11.2024 15:43

10-те неуспешни ин витра и 10-те спонтани абортуси не спречија 61-годишна скопјанка да го роди своето прво дете. Со замрзната јајце клетка од пред 30 години, таа на свет го донесе Петар и стана највозрасната прворотка во Македонија. И двајцата се во добра здравствена состојба...

Поминале 10 ин витро постапки, 10 спонтани абортуси, по речиси 40 години, се исполнил сонот на брачната двојка од Скопје, станаа родители. 61-годишната мајка и синот Петар се добро.

Годините поминати на изневерени очекувања и болка, мајката ја задржала смислата за хумор, на лекарите им рекла дека нема да има проблеми за чување, татко му на Петар има 65 години и од неодамна е пензионер.

Од ГАК, Петар си замина во неговиот дом, таму ќе ги радува родителите кои 37 години чекале да се роди.

Петар е зачнат со ин витро постапка, која за многу пациентки е надеж. На сметка на државата, една пациентка има право на три ин витро обиди, за прво, второ, трето и четврто дете.

Нема возрасна граница, но по навршени 45 години има право на ин витро постапка само со донорски материјали.

Од 2010 година во просек годишно се реализираат 1.100 ваучери за ин витро постапка на сметка на државата.

Во медицината веќе не постојат граници, повозрасна мајка од 61-годишната скопјанка е Љубица од Србија, којашто родила на 62 години. На иста возраст стана мајка, пациентка во Шпанија и на 76 години во Индија.

 

Наташа Јанчиќ Менковски