Министерот Борко Ристовски одржа брифинг со спортските новинари

26.11.2024 15:15

На средбата беше истакната заложбата за транспарентност и отвореност во работата на Министерството, како и важноста на конструктивната соработка со медиумите за промоција на спортот и спортските вредности.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го одржа првиот неформален брифинг со спортските новинари во интерес на презентирање на сѐ она што е сработено во изминатите четири месеци од формирањето на Министерството за спорт, она што се работи и што е планирано да се сработи во иднина.

Средбата се одржа во пријателска и продуктивна атмосфера, при што беа дискутирани тековните активности и планови на Министерството за спорт.

На средбата беше истакната заложбата за транспарентност и отвореност во работата на Министерството, како и важноста на конструктивната соработка со медиумите за промоција на спортот и спортските вредности.

Министерството за спорт и спортските новинари договорија вакви неформални средби да се одржуваат еднаш месечно, со цел навремено информирање и отворена комуникација за сите активности поврзани со македонскиот спорт.

Министерот Борко Ристовски на средбата со новинарите истакна дека транспарентноста и промомовирање на вистинските вредности се еден од приоритетите на Министерството за спорт.