Град Скопје

Арсовска не размислува за нова кандидатура

26.11.2024 17:11

Арсовска, не размислува по вторпат да ја бара довербата од скопјани за челната позиција на главниот град. Според Арсовска, она што се случува во Градот Скопје и во Македонија е „едно крајно поларизирана атмосфера од политичките елити, кои во овој момент дејствуваат во рамки на државата“...

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не размислува да се кандидира и по вторпат да ја бара довербата од скопјани за челната позиција на главниот град. Арсовска рече дека повеќе не сака да работи со луѓе за кои рече, знаат само да саботираат и да блокираат.

Според Арсовска, она што се случува во Градот Скопје и во Македонија е „едно крајно поларизирана атмосфера од политичките елити, кои во овој момент дејствуваат во рамки на државата“.

Недоразбирањата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ почнаа во 2022-ра година, кога градоначалничката го разреши тогашниот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а сегашен актуелен министер за локална самоуправа, Златко Перински. Арсовска тогаш го обвини Перински за несоодветно постапување во тендерска постапка. По ова, следуваа низа други разрешувања од директорски позиции во јавните претпријатија, а по зголемените тензии меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се случи и конечниот раскол меѓу нив.

Игор Панов