Дигитална трансформација

Изводите и државјанството да бидат приоритет во дигитализацијата, бараат граѓаните

26.11.2024 16:56

Да добиете документ за извод од книгата на родени додека го пиете вашето утринско кафе. Она што е реалност за развиените земји, а што тешко можело да се замисли во Македонија, Владата вели дека станува реалност. Се зголемува листата на документи кои можат да се добијат по дигитален пат…

Граѓаните бараат личните документи, изводите и државјанството да бидат приоритет во дигитализацијата. Дел од нив веќе поднеле барање електронски, па доаѓаат во Управата за водење на матични книги само да го подигнат документот, додека дел не се доволно информирани кои услуги се достапни на порталот за е-услуги.

Наредната година, владата ќе одвои 40 милиони денари за дигитализација на најупотребуваните јавни услуги, со што бројката од сегашните 80 ќе се зголеми на 200. Од владата најавија и изградба на дата-центар што треба да ги обедини сите институции од органите на државната управа.

Досега само 22 институции се дел од заедничкиот систем на поврзување.

Викторија Милевска