Потребна е сериозна финансиска едукација на младите
Загрижуваат резултатите од истражувањата кои велат дека младите се подготвени на задолжување со високи камати за да го добијат замисленото во моментот...

Тешко стигаат до нив, а и кога имаат нешто в џеб, не прават селекција на што ги трошат. Средношколецот од „Васил Антевски-Дрен“, Никита Крстевски, без двоење, пред нашата камера вели дека и нему и на неговите врсници им е потребна сериозна финансиска едукација.
Загрижуваат резултатите од истражувањата кои велат дека младите се подготвени на задолжување со високи камати за да го добијат замисленото во моментот.
И родителите се загрижени. Одвојуваат од скромниот буџет за да им дадат на своите деца, но не се сигурни дека со начинот на кој трошат, ќе можат да станат стабилни и свои возрасни граѓани.
Од Народна банка алармираат дека на државата сериозно ѝ се потребни финансиски писмени луѓе. Главниот економист Анета Крстевска, вели дека постојано се прават обуки и работилници.
Експертската фела вели дека податоците се загрижувачки и постои сериозен дефицит од финансиски писмени млади, кои тешко можат да одговорат на предизвиците кои се составен дел од економијата на секоја земја.
Според Народна банка, задолженоста на граѓаните кај банките достигна 3,9 милијарди евра. Само во октомври, тие по основ на потрошувачки кредити подигнале над 2 милијарди евра.
Борис Грујоски
