Марјан Секуловски нов стратег на ФК Пелистер

23.07.2014 16:42

Поранешниот предводник на Македонија ЃП, Силекс, Новаци, 11 Октомври, и на Ајејавади јунајтед во Мијанмар, Марјан Секуловски на жешката тренерска клупа ќе го наследи досегашниот прв човек на стручниот штаб на Пелистер, Драган Бочевски.

Ова е првиот чекор што битолскиот прволигаш го превзема на десет дена пред почетокот на новата фудбалска сезона, во контекст на големиот ремонт на клубот на сопственички, раководен и организациски план.

Секуловскикој има 41 година и се враќа во Битола, официјално треба д абиде претставен на попладневниот тренинг, заедно со новите имиња и идни раководители на тимот кои треба да означат нов почеток и враќање на стѕариот сјај на пелистерци.

Играчкиот кадар за почеток ќе биде засилен со Гоце Тодоровски кој од екипата на Еуромилк се враќа во Битола, и со дефанзивецот Менде Степановски.