Блиски Исток
Нетанјаху донесе одлука за прекин на огнот со Либан
26.11.2024 20:02
Договорот за прекин на огнот беше постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави и Франција.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху донесе одлука за прекин на огнот со Либан, кој стартува во сила веднаш. Примирјето предвидува во следните 60 дена израелските сили да се повлечат, додека Хезболах своите милитанти и оружје ќе ги повлече на 30 километри од израелската граница, до реката Литани.
Договорот за прекин на огнот беше постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави и Франција.
Последните часови пред очекуваниот прекин на огнот, Израел и Хезболах ги интензивираа меѓусебните напади.
