Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
27.11.2024 07:59
Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе биде од минус 9 до минус 5 степени, а дневната ќе се движи од 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
