Се урна авион на Тајван, загина 51 патник
Вест за нова авионска несреќа го обиколува светот. Во обид да слета принудно, се урна авион на компанијата „Трансазија“ во Тајланд. Загинаа 51 патник и член на екипажот, седуммина се тешко повредени. Не се познати детали за несреќата, најверојатно се работи за авион АТР-72, на локален лет.
Првичните информации се противречни, според едни, авионот се обидел принудно да слета надвор од аеродромот на островот Пенгу, западно од Тајланд, додека според други, слетал на локалниот аеродром Магонг.

Податоците од летот покажуваат дека завршил еден час по предвиденото време. Причината најверојатно е силно невреме што го зафатило регионот.
Од теренот различни изјави од очевидците, некои споменуваат дека дошло до експлозија и авионот го зафатил оган, а има извештаи и дека удрил во неколку приземни куќи.