Регион

Шести обид бугарскиот парламент да избере претседател

27.11.2024 08:33

Работата и функционирањето на новиот парламент остана закочена поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател во законодавниот дом...

Пратениците во бугарскиот Парламент во нов шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание по неуспешниот минатонеделен обид за избор. Работата и функционирањето на новиот парламент остана закочена поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател во законодавниот дом.

Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, синоќа категорично соопшти дека ја повлекува својата кандидатура за премиер на земјата, велејќи дека повеќе не сака да се занимава со урнатата држава. Борисов им фрли ракавица на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, тие да дадат претседател на парламентот, а ГЕРБ премиер, во спротивно напролет да се оди на нови избори.

Од ГЕРБ рекоа дека лидерски преговори ќе се одржат само доколку се водат за формирање мнозинство и редовна влада.