Скопје

Скопје утрово шести најзагаден град во светот

27.11.2024 08:54

Скопјани и утрово дишат загаден воздух. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, а шести во светот, со индекс на загадување од 173.

Скопјани и утрово дишат загаден воздух. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, а шести во светот, со индекс на загадување од 173.

Најзагаден град е Сараево, а по не го следуваат Лахор, Делхи, Кувајт, Скопје, Каиро, Мумбаи, Катманду и Ријад.

Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.