Универзитет Гоце Делчев - Штип

Продолжува шртајкот со глад на СОНК и тројцата професори

23.07.2014 17:00

СОНК и тројцата професори го продолжуваат штрајкот со глад, иако Ректорот на штипскиот универзитет понуди транспарентно решение, професорите да го одберат тимот кој ќе оцени дали ги задоволуваат нормите да бидат унапредени во повисоко звање.

Професорите бараат да се прифати првиот рецензенски извештај и не прифаќаат друго решение. Ги негираат обвинувањата дека  вршат притисок врз институциите за да донесат одлука во нивна корист. За нив предлогот на ректорот Саша митрев е манипулација и е против Законот за високо образование.

Иако просветниот инспекторат донесе решение за повторување на целата постапка за избор во звање на штипскиот универзитет кое треба да се спроведе осум дена по приемот, штрајкот уште тече. Ова е 13 ден како професорите штрајкуваат со глад, а вчера се приклучи и СОНК.