мвр
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
27.11.2024 17:02
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода И.Д.(48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
