Се бараат решенија за проблемите во јавната администрација
Бавна, политизирана, обемна и недоволно транспарентна, јавната администрацијата стои предизвиците на дигитализацијата. Ќе понудиме решенија, уверува власта. Клучни ќе бидат стручноста и ефикасноста, нема да биде само сервис на граѓаните, туку и партнер во градење на идните мерки- вели премиерот Мицкоски...

Партизација, бавни процеси, недостиг на дигитализација и недоволна транспарентност. Проблеми на администрацијата кои не можат да се игнорираат. Премиерот Мицкоски вели, тие се реални и треба да се најдат решенија, да не биде само сервис на граѓаните туку и партнер во градењето на идните мерки.
Имаме многу бавна јавна администрација. Обединети сме во важна мисија, модернизација на јавниот сектор, како катализатор за доброто управување и европската иднина на земјава, рече министерот за јавна администрација, Минчев.
Во рамки на новите законски решенија, на кои работи работната група во ресорното министерство, ќе се понудат решенија како пилот-проекти кои ќе се однесуваат на делумно намалување на јавната администрација.
Александра Спировска
