Од петок студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег
На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m²).
На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.
По одделни котлини утре претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и пониска дневна температура.
