Сериозно придвижување на економијата
Макроекономијата е со добри резултати, а последиците од кризата речиси и да не се чувствуваат...

Индустријата бележи добри економски резултати. Растот на прометот во месец мај во споредба со истиот период лани е зголемен за 9,5 проценти. Сумирано за првите првите пет месеци годинава споредено со петте месеци од 2013 растот е зголемен за 9,9 проценти. За премиерот Никола Груевски ова е сериозно придвижување на економијата. Ако на тоа се додаде растот на БДП во првиот квартал, оценката е дека макроекономијата е со добри резултати, а последиците од кризата речиси и да не се чувствуваат.
„Најголемо зголемување од 36 отсто има кај капиталните добра, но се бележи зголемување и во другите делови. Тоа е уште еден поволен макроекономски тренд кој што кажува дека земјава во овој период има одлични резултати“, нагласи премиерот Груевски.
Младите брачни парови отсега многу полесно ќеможе да дојдат до посакуваниот стан или куќа. Собранието ги изгласа измените во проектот купи куќа купи стан за намалување на каматните стапки кои сега се намалуваат од 4,99 остсто на 3,95 за првите три години. Со ова намалување граѓаните ќе заштедат од 2 до 3.000 евра во однос на каматите.
Дијана Ценевска
