Судство

После осум години профункционира Комората за вештаци

27.11.2024 13:32

Комората за вештаци стана функционална. Според министерот за правда, Филков, почеток на нова реформа во правосудството. Крај на долгите судски постапки. Претседателот на комората Виктор Камнар најави дека следниот месец ќе биде објавен оглас за избор на членови за 16 одделенија кои третираат различни области...

Крај на одолговлекувањето на судските постапки поради ненавремени вештачења, најави министерот за правда Филков откако Комората за вештаци, регистрирана во Централниот, по осум години профункционира. Со ова, рече Филков, означуваме нова реформа и обезбедуваме поголема, транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.

Следниот месец ќе биде објавен оглас за сите коишто сакаат за првпат да станат вештаци, за да се овозможи добивање лиценца за 16-те професионални одделенија, посочи претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар.

Одговорајќи на новинарско прашање, до каде е екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за петкратното убиство кај Смилковското езеро, министерот Филков рече дека процедурата е во тек и дека се чека исходот во секој момент.

 

Фиљана Кока