Почнува со работа новото раководство на Академија за судии и јавни обвинители
За Советот на јавни обвинители, со одлуката на Судскиот совет за именување членови на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, нема повреда на Законот. Постапката на Антикорупциска се запира...

Во петок ќе почне со работа новиот состав на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Членови ќе бидат и Душица Димитриеска и Башким Бесими. Советот на јавните обвинители ја отфрли одлуката на Антикорупциска за нивно отповикување поради можен судир на интереси. Членовите на ова обвинителско тело едногласно констатираа дека повикот на комисијата е неприменлив и контрадикторен.
На седницата презентиран и извештајот за работата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Лани се поднесени 297 обвиненија и 75 обвинителни предлози. По нив се изречени 245 осудителни пресуди со 115 затворски казни.
Анита Димитријевска – Велковска
