Тенис

Ѓорческа се пласира меѓу најдобрите осум на турнирот во Италија

27.11.2024 14:49

Лина Ѓорческа со 2-1 во сетови ја победи Американката Амарни Бенкс и се пласира меѓу најдобрите осум на турнирот во Селва Гардена, Италија...

Лина Ѓорческа со 2-1 во сетови ја победи Американката Амарни Бенкс и се пласира меѓу најдобрите осум на турнирот во Селва Гардена, Италија.

Британката Амарни Бенкс за 30 позиции е подобра од Ѓорческа на ВТА листата, па оваа победа ќе биде добра за напредок на Македонката.

Лина го загуби првиот сет со 5-7, но следните два ги доби со 6-3 и 6-2 и дојде до триумф од 2-1.