Попов: Во академските редови нема место за политикантство и манипулации
Актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Никој во Академијата не смета дека употребата на албанскиот јазик и на јазиците на другите немнозински заедници во државата треба да се укине...

Употребата на јазиците во науката нема и не признава етнички предзнак. Никој во Академијата не смета дека употребата на албанскиот јазик и на јазиците на другите немнозински заедници во државата треба да се укине, туку таа треба во законско решение да се уреди и да се допрецизира, рече во својот говор претседателот на МАНУ, Попов.
Актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Во академските редови нема место за политикантство и манипулации.
Според првиот човек на МАНУ, евроскептицизмот е присутен поради пречките кои ЕУ неоправдано ги постави на патот на Македонија кон евроинтеграцискиот процес.
Овие комплексни околности на современата македонска историја, претставуваат големи научни предизвици и голема одговорност на научниците кои ги расветлуваат различните аспекти и значења на документите од АСНОМ и многу други историски настани.
Наташа Јанчиќ-Менковски
