Македонија

Црна Гора подготвена да ја помогне Северна Македонија на патот за ЕУ

27.11.2024 18:48

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, вчера во Подгорица се сретна со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за политички систем, правда и антикорупција, Момо Копривица...

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, вчера во Подгорица се сретна со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за политички систем, правда и антикорупција, Момо Копривица.

На средбата беше констатирано дека двете земји имаат пријателски односи, без отворени прашања, подготвени да соработуваат и да се помагаат меѓусебно.

Заменки претседателот на Владата Фетаи му честиташе на неговиот колега Копривица за напредокот на Црна Гора на интеграцискиот пат. „Успехот на Црна Гора и на Албанија за членство во ЕУ е мотивација и за останатите земји на Западен Балкан“, рече Фетаи.

Тој кратко го запозна домаќинот со активностите и предизвиците на работата на неговиот кабинет и изрази подготвеност да соработка на разни теми од обостран интерес. Посебно го истакна функционирањето на црногорскиот совет за координација на борбата против организираниот криминал и корупција и системот за конфискација на нелегален имот.

Вицепремиерот Копривица информираше за позитивниот извештај на ЕУ за Црна Гора за правосудство и темелни права и затворање на четири поглавја во разговорите со ЕУ.

„Црна Гора има извесна перспектива за членство во ЕУ. Тоа е дополнителна инспирација и за другите земји од регионот“, рече Копривница додавајќи дека напредокот на неговата земја се должи пред сè на пресудите за корупција против високи јавни функционери.

Тој рече дека црногорската влада е подготвена да и помогне на Северна Македонија со нејзиното знаењето и експертизата стекнато за време на преговарачкиот процес со ЕУ, но и за други области, за кои има интерес од македонската страна.