Украина и ЕУ се договорија?!
Украина и ЕУ се договорија да подготват план за применување наспогодбата за трговија и асоцијација, изјави еврокомесарот Штефан Фуле. Преговорите ќе се водат без учество на Русија, додаде тој.
„Се договоривме денеска. Украина е посветена на потпишувањето на договорот“ рече Фуле, кој го цитира руската агенција РИА Новости.

„Најпрвин ќе подготвиме план за примена на договорот. Потоа, ќе и дадеме поддршка на Украина во напорите да дојде до договор со ММФ. Трето, ќе имаме билатерални консултации за точките од спроведувањето на договорот за асоцијација и за слободна трговска зона“ потенцираше еврокомесарот за проширување, додавајќи дека ЕУ е подготвена во случај на договор да обезбеди поголема финансиска помош за Украина.
Ова го потврдија и во украинската влада, кадешто заменикот премиер Сергеј Арбузов изјави дека Украина набрзо ќе го потпише договорот со ЕУ, но не прецизираше околу крајниот рок за негово спроведување.
ЕУ планира да го потпише договорот напролет на билатералниот самит со Украина.
Слаѓана Димитровска/Зоран Богатинов