дзр

Се зголемува вниманието за ревизорските извештаи

27.11.2024 18:01

Државниот завод за ревизија одбележува 25 години од постоењето, а на конференцијата што ја организира присуствуваат главните ревизори од земјите од соседството, но и од други европски земји...

Соработката со државните институции, судовите, со Обвинителството се подобрува, но сепак за подобар резултат е потребна засилена соработка, рече главниот ревизор Максим Ацевски. Според него, дури 50% од новите министри побарале средба со ревизорот за начинот на постапување во наредниот период.

Само државниот ревизор од Косово годинава поднел над 1.000 препораки до Парламентот, но и до институциите за подобрување на соработката и управување со јавните финансии. Досега, е постапено само 47% по извештаите.

Искуствата ги споделија и другите ревизори од регионот.

Целта на сите е како да се подобри комуникацијата меѓу ревизорите и јавноста. Извештаите на Државниот завод за ревизија во периодов наидуваат на поголемо внимание од Собранието, Владата, но и од Обвинителството.

Државниот завод за ревизија одбележува 25 години од постоењето, а на панел-дискусијата во Скопје присуствуваа главните ревизори од соседството, но и од други европски земји.

 

Борис Грујоски