САД

Трамп го номинира поранешниот генерал Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина и Русија

27.11.2024 20:14

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го номинирал поранешниот генерал Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина и Русија...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го номинирал поранешниот генерал Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина и Русија.

„Кит имаше истакната кариера во војската и бизнисот и служеше во многу чувствителни улоги поврзани со национална безбедност во мојата прва администрација. Тој беше со мене од самиот почеток!“, напиша Трамп на социјалните медиуми.

Трамп вети брз крај на руската војна во Украина, користејќи ги односите со украинскиот лидер Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.