Партии
Одбрано новото раководство на СДСМ
27.11.2024 20:44
Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница го избра новото раководство на партијата...

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница го избра новото раководство на партијата.
Според информациите, нов генерален секретар на партијата е Александар Димитријевиќ, кој потекнува од Општинската организација во Гази Баба.
Исто така, избрани се два нови организациски секретари и тоа: поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар.
Во новото раководство на СДСМ ќе бидат четворица потпретседатели: поранешната министерка Каја Шукова, Менде Илиевски, Ана Чупеска и Кристина Костова.
