Авионска несреќа

Невремето и тајфунот можна причина за падот на авионот во Тајван

23.07.2014 19:49

Според првичните информации загинале 47 патници, а 11-мина се тешко повредени, иако официјално состојбата на 58-те патници кои биле во авионот за време на несреќата не се знае...

Информацијата за новата авионска несреќа во Тајван го окупира светското внимание. Станува збор за авион на компанијата „Трансазија“ кој  летал од Каосиунг кон островите Пенгу, но поради лошото време и слабата видливост бил принуден да слета на локалниот аеродром Магонг во Тајван, тогаш изгубил контакт со радарите и се урнал пред да стигне до аеродромската писта.

Според првичните информации  загинале 47 патници,  а 11-мина се тешко повредени, иако официјално состојбата на 58-те патници кои биле во авионот за време на несреќата не се знае.

Причините за несреќата се непознати и допрва ќе се утврдуваат.

Неофицијално како можна причина се наведува невремето и тајфунот  кое го зафати регионот.

Од теренот пристигаат различни изјави на очевидци. Некои велат дека дошло до експлозија при слетувањето на авионот, а има извештаи и дека удрил во неколку приземни куќи.

Податоците од летот покажуваат дека завршил еден час по предвиденото време. Надлежните свикаа итен состанок.

Бојана Крстевски