Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

28.11.2024 08:10

По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност...

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Преку денот променливо облачно и тивко.