Воен конфликт

Продолжуваат руските напади, експлозии во Одеса

28.11.2024 08:11

На мета повторно енергетската инфраструктура. Зеленски вели- притисокот врз Русија мора да се зголеми...

Руските ракети ги вклучија сирените за тревога низ цела Украина. Експлозии во Одеса и во централниот дел од земјата. На мета повторно енергетската инфраструктура. Зеленски вели- притисокот врз Русија мора да се зголеми. Го истакна неопходното зајакнувањето на воздушната одбрана и повторно побара системи за противвоздушна одбрана од своите партенри.

„Неодамнешното овластување за далечни удари врз воени објекти во Русија помогна. Но, притисокот мора да се задржи и зголеми за Русија да почувствува што е војна. Присуството не само на ракети и гранати од Северна Кореја во руските арсенали, туку и војници на фронтот е глобализација на војната која Русија ја започна и која може да се запре само на глобално ниво“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во истовреме, додека украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров e на разговори со властите во Сеул, продолженото партнерство меѓу русија и Северна Кореја ги разгоре тензиите на состанокот во советот за безбедност на ОН.