Нов обид за решавање на конфликтот во Газа
Преговорите меѓу Израел и Хамас кои траат со месеци се очекува да се придвижат по прекинот на огнот во Либан. Катар кој на почетокот од месецот се повлече од процесот на посредување, сега се надева на договор.

Египетска делегација во Тел Авив во обид за решавање на конфликтот во Газа. Преговорите меѓу Израел и Хамас кои траат со месеци се очекува да се придвижат по прекинот на огнот во Либан. Катар кој на почетокот од месецот се повлече од процесот на посредување, сега се надева на договор.
„Се надеваме дека ефектот од Либан ќе се прошири и на Појасот Газа и ќе доведе до постигнување договор и ставање крај на страдањата што е можно поскоро“, изјави Шеик Мохамед Ал Тани, премиер на Катар.
Поддршка за крај на војната во Газа претходно понуди и Турција. Според шефот на ОН, успехот во Либан е зрак светлина на Блискиот Исток.
„Ова е првиот зрак надеж кон мир среде темнината во последните месеци, и од суштинско значење е потписниците во целост да го почитуваат“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.
Двете страни засега го почитуваат прекинот на огнот, но Израел и Хезболах соопштија дека го задржуваат правото да се одбранат доколку бидат нападнати.
