Шпанија
Експлозија во фабрика во Аликанте, три лица загинаа
28.11.2024 09:14
На пожарот му претходела експлозија на котел која била толку силна што урнала половина од објектот...

Три лица загинаа, седуммина се повредени во експлозија во фабрика кај крајбрежниот шпански град Аликанте- соопштија спасувачките служби.
Директорот на итната служба на регионот на Валенсија, Алберто Мартин изјави дека на пожарот му претходела експлозија на котел која била толку силна што урнала половина од објектот.
