Денеска почнува судењето на 36 годишната жена од Кратово за убиството на сопругот и свекорот
Во судската постапка одбраната, треба да докаже дека таа, била жртва на семејно насилство, години наназад трпела физичка и психичка тортура и убиството го сторила за да се одбрани...

Денеска во Основниот суд во Куманово, почнува судењето на 36 годишната жена, која на 13 јуни во семејниот дом, за да се спаси од сопругот кој ја тепал и давел, со кујнски нож прво го прободела него, а потоа и свекорот.
Во судската постапка одбраната, треба да докаже дека таа, била жртва на семејно насилство, години наназад трпела физичка и психичка тортура и убиството го сторила за да се одбрани.
Нејзиниот адвокат, е убеден дека ќе ја докажат тезата дека обвинетата делувала во нужна одбрана, иако во текот на истрагата не успеаја да издејствуваат промена во правната квалификација и наместо убиство, да биде акт на самоодбрана.
