Јужна Кореја

Најмалку четири лица загинаа во снежните бури во Јужна Кореја

28.11.2024 10:50

Најмалку четири жртви во снежното невреме што ја зафати Јужна Кореја...

Најмалку четири жртви во снежното невреме што ја зафати Јужна Кореја. Втор ден по ред снегот прави проблеми и го отежнува сообраќајот во земјата.

По повеќе од половина век Сеул е прекриен со снежни наноси кои достигнаа речиси 40 сантиметри по што властите издадоа предупредувања.

Поради невремето привремено беа приземјени стотици летови, а училиштата останаа затворени.