Нов пораз на кадетките
Нашите кадетки го забележаа и 3-от пораз во серија на светското првенство за ракометарки до 18 години, вечерва од селекцијата на Романија со 37-23. Само на почетокот македонските ракометарки најавија можно изненадување, поведоа со 4-1 но и веднаш беа достигнати по серијата на романките.Успеваа да парираат до последната третина на првото полувреме кое сепак на крајот со 17-12 во своја полза го решија фаворизираните романки.

Ништо не се смени ниту во вториот дел. Паднатиот морал по сознанието дека поразот од Аргентина тешко ќе се анулира против Романија, им овозможи на гостинските ракометарки во континуитет да реализираат и да ја зголемуваат предноста на крајот за конечни 37-23.
Утре во групата во Струмица е слободен ден, в петок нашите ракометарки ќе играат со уште еден голем фаворит Данска, за евентуално шансата за прва победа да ја побараат в сабота во мечот против Узбекистан.