Романија

Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „ТикТок“ поради изборите

28.11.2024 11:03

Романија почнува процес на суспендирање на платформата ТикТок во очекување на резултатите од истрагата за улогата што социјалната мрежа ја одигра во првиот круг од претседателските избори...

Романија од денеска почнува процес на суспендирање на платформата ТикТок во очекување на резултатите од истрагата за улогата што социјалната мрежа ја одигра во првиот круг од претседателските избори одржани минатата недела-соопштија од Агенцијата за телекомуникации.

Државните институции покренаа истрага откако малку познатиот десничарски популист Калин Георгеску обезбеди место заедно со опозициската лидерка Елена Ласкони во вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 8-ми декември.