Финансии

Дефинирани условите за користење на средствата од унгарскиот кредит

28.11.2024 11:28

Бизнисот ќе ги добие парите по фиксна каматна стапка која изнесува 1, 95 проценти без надомест за одобрување и управување, рок на отплата од 15 години со 3 години грејс период...

Владата и банките постигнаа договор за условите за користење на кредитната линија од унгарскиот кредит. Бизнисот ќе ги добие парите по фиксна каматна стапка која изнесува 1, 95 проценти без надомест за одобрување и управување, рок на отплата од 15 години со 3 години грејс период.

Средствата за компаниите ќе бидат достапни наскоро рекоа од Владата од каде очекуваат дека со оваа мерка ќе се постигне раст на БДП.

Парите од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на производство и истите ќе можат да се користат за инвестиции во опрема и машини.