МНР

Средба Муцунски- Шекеринска

28.11.2024 12:01

Министерот Муцунски ѝ упати искрени честитки за изборот на оваа висока и значајна функција, која претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман и потврда за меѓународната репутација на Република Северна Македонија како активна и посветена членка на НАТО.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба со новоизбраниот заменик – генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.

Министерот Муцунски ѝ упати искрени честитки за изборот на оваа висока и значајна функција, која претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман и потврда за меѓународната репутација на Република Северна Македонија како активна и посветена членка на НАТО.

Во текот на разговорот, министерот изрази уверување дека нејзината улога ќе придонесе за дополнително зајакнување на Алијансата и унапредување на соработката меѓу земјите членки. Тој ја потврди посветеноста на Република Северна Македонија на заедничките цели и вредности на НАТО, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи да дава активен придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, соопштуваат од МНР.