Фудбал

Работнички поразен во Хелсинки

23.07.2014 21:50

Македонскиот првак работнички го заврши краткиот настап во фудбалска европа во квалификациите за лигата на шампионите. По ремито без голови на домашен терен, романтичарите беа поразени во Финска од Хелсинки со 2-1. Домаќинот брзо дојде до солидно водство. Во 22 минута со голот на Лод , Хелсинки поведе со 1-0, а  по само  4 минути и со 2-0 откако погоди и Морен. Сепак Работнички брзо се врати во игра.

Македонскиот првак работнички го заврши краткиот настап во фудбалска европа во квалификациите за лигата на шампионите. По ремито без голови на домашен терен, романтичарите беа поразени во Финска од Хелсинки со 2-1. Домаќинот брзо дојде до солидно водство. Во 22 минута со голот на Лод , Хелсинки поведе со 1-0, а  по само  4 минути и со 2-0 откако погоди и Морен. Сепак Работнички брзо се врати во игра. По две минути игра во второто полувреме погоди Вучиќ за 2-1 и го доведе составот на македонскиот шампион во позиција со уште еден гол да обезбеди пласман во третото коло. Сепак во второто полувреме и покрај обидот за иницијатива на нашите фудбалери , домаќините пропуштија неколку шанси за поубедливо водство, за во завршните минути успешно да го одбранат актуелниот резултат.

Неможноста за постигнување израмнувачки гол го оневозможи пласманот на работнички во следното коло од елитното натпреварување, но и од повторување на сценариото по кое Металург претходната вечет го продолжи настапот во Лига Европа.