Политика

Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор

28.11.2024 12:15

Уставните измени ќе стигнат до Нова година, но ќе зависи од политичкиот договор. Пораката за внесување на бугарското малцинство во Уставот ја повтори вчера новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која поарача дека измените се неопходни за да продолжат преговорите со ЕУ…

Работиме на обезбедување двотретинско мнозинство за уставни промени. Кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред, зависи од политичкиот договор, вели првиот човек на Собранието, Африм Гаши.

Тој, прашан за изјавата на новата еврокомесарка за проширување Кос, дека мора да се направат уставни промени, изјави оти останува ставот на државниот врв дека отворањето на Уставот мора да биде пропратено со почитување на националните прашања и со гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања.

Дали кога ќе се отвори Уставот, на дневен ред ќе биде ставена и употребата на албанскиот јазик, е работа на политички договор, вели спикерот Гаши.

До првиот човек на Собранието стигнала интерпелацијата од Левица за претседателката на Комисијата за социјална политика, Арифе Даути која одбива да го стави Законот за бранители на дневен ред.

Сепак, според Деловникот, и ако се изгласа интерпелацијата на седница, можно е таа повторно да биде предложена оти тоа место ѝ припаѓа на опозицијата, појаснува Гаши.

Ирина Гелевска