Во Охрид света литургија за упокоениот владика Тимотеј, верниците се простуваат
Верниците денеска се простуваат од митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј, чиј погреб се одржува во Охрид на Плаошник. Претходно во црквата „Света Софија“, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан ја предводеше светата литургија во чест на големиот епископ...

Верниците денеска се простуваат од митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј, чиј погреб се одржува во Охрид на Плаошник. Претходно во црквата „Света Софија“, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан ја предводеше светата литургија во чест на големиот епископ. Во градот денеска е ден на жалост.
Епископот беше еден од оние кои придонесоа за воспоставување на нарушеното единство на црквата, среќавајќи се и соработувајќи со Српската православна црква. Писмо за сочувство пристигнува од другите православни цркви.
Митрополитот Тимотеј почина во понеделникот во Скопје, каде неодамна беше хоспитализиран поради проблеми со срцето. Тој раководеше со Дебарско-кичевска епархија од 1981 година како нејзин администратор со седиште во Охрид.
Соња Рилковска известува од Охрид
