Реакции по изборот на новото раководство на СДСМ
Социјалдемократите го избраа Извршниот одбор потпретседателите на партијата и генералниот секретар. За ВМРО-ДПМНЕ раководството на СДСМ, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон. Филипче оптимист дека партијата се консолидира ...

Централниот одбор на социјалдемократите го избра Извршниот одбор потпретседателите на партијата и генералниот секретар. Нов лик на оваа позиција е Александар Димитријевиќ поранешен прв човек на партиската младина. Потпретседатели се Кристина Костова, Менде Илиевски, ексминистерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Првиот социјалдемократ Венко Филипче оптимист дека партијата се консолидира и дека се враќа довербата кај членството.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со коментар: раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос.
Повеќе нови лица и вртење кон граѓаните со оглед дека изборот на потпретседатели и извршен одбор на социјалдемократите доаѓа и од граѓанскиот сектор сето ова како обид да се надомести изгубеното токму кај граѓаните – коментира аналитичарот Петар Арсовски за новиот раководен состав на СДСМ. Сега треба новите да се покажат на терен и да се види колку се тие тешкаши од веќе докажаните во партијата кои сега не се дел од раководството.
Следуваат теренски активности на новото раководство на СДСМ и средби со членството.
Оптимизмот на Филипче дека партијата се консолидира ќе биде на тест веќе на локалните избори следната година. Дали членството ја враќа довербата точно ќе се препознае за време на парламентарни избори.
Миле А. Ристески
