ХИВ

Средношколците се едуцираа за превенција од ХИВ

28.11.2024 14:12

Во средното училиште СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ денеска се организираше работилница за средношколци, спроведена од тим на средношколци кои им пренесоа знаења на своите соученици, пријатели и познаници на тема сексуално преносливи инфекции...

Професорката Кнагс ги собра на предавање учениците во медицинското „Панче Караѓозов“, откако доби поразителни податоци дека една третина од средношколците од трета и четврта година се сексуално активни и не користат заштита од несакана бременост и од сексуално трансмисивни болести.

На часот по Инфектологија тие учеа за заштита од заразни болести и СИДА, но во практика не се заштитуваат.

Годинава има 51 новорегистриран случај.

Според податоците на ИЈЗ, пред 37 години во државата е регистриран првиот случај на ХИВ од тогаш до сега има 687 инфицирани.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски