Економија

Работниците бараат повисоки плати, бизнисот стравува од крах во секторот

28.11.2024 16:00

Само мотивиран работник може да биде продуктивен, велат од „Гласен текстилец“. Барањето на синдикатите, според Бизнис-конфедерацијата е помеѓу желбите и реалноста. Неопходно е зголемување на продуктивноста, потоа на платите. Минималната плата ќе се крои идната недела...

Само мотивиран работник може да биде продуктивен, велат од „Гласен текстилец“. Оттаму како пример ги посочија текстилните работнички, кои работат прекувремено, на празници и во недела, а немаат додатоци на плата, добиваат минималец.

Барањето на синдикатите, според Бизнис-конфедерацијата е помеѓу желбите и реалноста. Неопходно е зголемување на продуктивноста која е најниска во регионот, па на платите, за да не дојде до високи цени и уште поскапа потрошувачка кошница.

Нашиот закон ги штити работниците, според кој минималната плата треба да биде над 50 насто од просечната, тврдат работодавачи.

За 1.700 денари треба да се зголеми минималната плата во март идната година, за што се обезбедени средства од Буџетот. На Социоекономскиот совет ќе се преговара за минимална плата од 450 евра.

35.000 работници работат за минимална плата и помалку. Три минимални не се доволни за да ја наполнат потрошувачката кошница.

 

Александра Велинова